Групата „Исламска држава“ бара откуп од 200 милиони долари за двајца јапонски заложници, во видео објавено на исламистичка страница.
ИД се заканува со убиство на заложниците доколку парите не бидат исплатени во рок од 72 часа, пренесува БТА.
На објавеното видео се наоѓаат двајца заложници, кои џихадистите ги идентификуваат како Кенџи Гото Џого и Харуна Јакова.
Британскиот џихадист најверојатно е истиот, кој се појавува во видео од обезглавување на заложници на групата ИД. Тој објаснува дека Јапонците се киднапирани поради поддршката на Токио за воена операција на Западот против групата.