Даниел Милошески го фати крстот во Тетово

Од:

Дваесет и осум годишниот Даниел Милошески беше најсреќниот од тројцата верници кои влегоа во базентот од дворот на соборниот храм Светите Кирил и Методиј во Тетово и кој го фати осветениот крст на денешното одбележување на верскиот празник Богојавленије Водици.

Претходно митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф во сослужение на повеќе свештеници од тетовското арихиерејско намесништво отслужи света божествена литургија и водосвет.

На празнувањето на Водици во Тетово присуствуваше и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов кој му честиташе на Милошески за неговиот успех.

-Првпат скокам по крстот на Водици. Навистина сум возбуден и изминатата ноќ три пати сонував дека ќе го фатам крстот и ете ми успеа. Им посакувам мир , среќа, благосостојба и здравје на сите луѓе во светот, изјави Милошески.

Освен во Тетово претседателот Иванов празникот Водици ќе го проследи и во Гостивар каде по околу седумдесет години ќе се прослави овој ден со фрлање на крстот во Вардар. Водици се одбележува и во повеќе села во тетовско.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово