Отворете го прозорецот и замислете желба-вечерва е Богојавленска ноќ

Од:

Вечерта пред Водици е позната како Богојавленска ноќ. Според преданието,  се отвора небото и се верува дека секоја желба може да се исполни. Точно на полноќ треба да се погледне во него и да се замисли желба, но таа да биде јасна.

Како и за многу празници, и за овој се врзани многу верувања околу временската прогноза. Се верува ако дува северен ветер, ќе биде здрава година, а ако дува јужен, годината ќе биде со болести. Родната година ќе биде ако биде облачно и ако паѓа снег тој ден, а ведрото време , претскажува убаво и сушно лето.

Богојавление е празник востановен во спомен на Христовото крштевање во реката Јордан. Кога наполнил 30 години, Исус дошол на реката Јордан за да го крсти Јован Крстител, кој ги подготвувал луѓето за доаѓањето на Месијата и ги крштевал оние кои се покајале на брегот на Јордан.

При крштевањето на Исус Бог се јавил три пати. Тој момент претставува објавување на Богочовекот и воведување на Христос во месијанската мисија.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска