Компанијата на својот официјален блог објави дека до интернет корпорацијата за доделување имиња и броеви – ICANN, поднела барање за следните домејни: .google, .youtube, .doc и .lol.
ICANN во јуни ќе објави кои домејни ќе бидадт додадени на веќе постоечката листа .com или .gov.
„Се порценува дека во 2016. скоро половина од светската популација ќе биде онлајн, а скоро 50% од сајтовите се основани во .com – домејнот, кој беше меѓу првите создадени во 1984. година“, пишува во официјалниот блог на Google.
„Покрај огромните можности што ги нуди веб-от и понатаму останува прашањето околу разновидноста на домејните. Бројот на генеричките домејни од највисоко ниво – TLD во последните 28 години е зголемен на 14“.
Google сака да го зголеми бројот на TLD – домејните во четири категории: заштитни печати (како .google), оние поврзани со основната дејност (.doc), оние кои го подобруваат корисничкото искуство и ја зајакнуваат идентификацијата на одредени жанрови (.youtube) и категоријата забава (.lol).