Џихадистите од групацијата Исламска држава ослободија вчера околу 350 припадници на ирачкото малцинство Јазиди, а повеќето од нив се стари лица, болни или инвалиди и неколку болни бебиња.
Ослободените Јазиди пристигнале во Киркук, град кој е под контрола на Курдите.
Џихадистите ги нападнаа Јазидите, кои живеат во северозападен Ирак минатото лето и тогаш убија или заробија илјадници припадници на оваа малцинска заедница.