Екипата на Бордо која претендира на висок пласман, го пречекува составот на Ница во првиот меч од 21. коло на фудбалскиот шампионат на Франција.
Лидерот на табелата во Лига 1, тимот на Олимпик Лион во сабота гостува кај Ленс, кој е на претпоследното место на табела. Овој натпревар ќе се игра од 17 часот, а покрај него утре на програмата се уште пет меча кои ќе стартуваат во терминот од 20 часот и тоа: Тулуз – Бастија, Кан – Ремс, Лориен – Лил, Мец – Монпеље и Монако – Нант.
Преостанатите три натпревари од ова коло ќе се играат во недела, а двојките ги сочинуваат: Париз Сен Жермен – Евијан (14 часот), Рен – Сент Етијен (17) и Олимпик Марсеј – Гингамп (21).
Табела: Олимпик Лион 42 бодови, Олимпик Марсеј 41, Сент Етијен 39, Париз Сен Жермен 38, Монако 33, Бордо 32, Нант 31 …