Фондацијата Отворено општество – Македонија, вечерва ја промовираше книгата „Вeрни до смрт: Довербата и теророт во револуционерна Македонија“ од англискиот професор и истражувач Кит Браун, кој работи на Браун Универзитетот во САД. Книга која го обработува предилинденскиот период на револуцонерното македонско движење нуди нови сознанија и како историски факти, но и како методолошки и историографски научни постапки.
Авторот Браун е долгогодишен проучувач на македонската историја и ова е негова трета книга преведена на македонски јазик, рече дека намерата му била да ја напише оваа книга, ставајќи ја историјата на Македонија во глобален контекст.
-Почетниот мотив за мене беше фасцинацијата како се случи само за 10 години од идејата на шестмина млади луѓе кои се шетаат покрај морето во Солун, да настане револционерно движење од 20 илјади луѓе со пушки да се борат против Отоманската империја. Оваа приказна сите вие одамна ја знаете и за вас е нешто е нормално, но ја сфатив дека не е толку нормално, туку морало да има силен мотив и тоа беше фасцинантно.
Неговото дел, како што рече Браун, е еден вид реакција на Данкан Пери, кој последен пат за македонкото востание пишувал пред 20 години, бидејќи во посовремените теории и научни методи можат да отворат нови аспекти.
Промоторот Драги Ѓорѓиев, директор на Институтот за национална историја, рече дека ова не е книга за лидерите, за водачите, за хероите, за митовите кои се создадени кај нас за оваа организација, тоа е книга за базата за безимените луѓе кои ја крепеле организацијата и без кои таа не би го постигнала тоа што го постигнала.
– Кит Браун низ пет елементи се обидува да ја анализира организацијата, и кои се тие пет елементи кои ги натерале тие луѓе, тоа општество за кое има мислење дека било анемично, неписмено општество, да биде толку посветено на една идеја и да се обиде да се спротивстави на една империја како Османлиската империја. Зошто и како се случило толку приврзаници да се приклучат кон таа организација во првите 10 години и како успеало за тие десет години тоа општество да создаде таква вооружена сила, се основните две прашања на Браун, рече Ѓорѓиев.
Во оваа студија Браун ја анализира печалбата, односно опшествено економскиот контекст на растатот на организацијата, односно на економската имиграција. Браун претставува едно динамично опшество, претставува една спротивна слика од стереотипите, на фатализмот и анемичноста на македонските селани и нивната предодреденост на судбината..
Според Ирена Стефоска, професор на Институтот за национална историја, размислувајќи надвор од каноните на нацијата и национализмот, Браун го вперува аналитичкиот фокус кон истражување на лојалностите.
– На тој начин се отвора едно сосема ново разбирање на историјата на османлиска Македонија и македонската револуционерна организација. Свесен за стапиците на методолошкиот национализам во проучувањето на македонското и балканското минато, или едноставно кажано за наметнувањето на сегашноста врз илинденското наследство и врз минатото воопшто, или со еден збор презентизам (толкување на историјата за потребите на сегашноста) знали пристап кои го применувале генерации на бугарски, грчки, и македонски истражувачи, идеолози, но и истражувачи надвор од регионот и кој само ја вжештувал и политизирал дебатата и која по правило и за жал се вртела за прашањето на националниот идентитет на христијанското население во Македонија, и челновите на организацијата. Независно од легитимноста на прашањето, Браун одбива да влезе во како што вели, непродуктивна дебата чија цел е зацементирање на еден и единствен апсолутен одговор, тој одбива да пропадне во бездната на апсурдот од бескрајните докажување на било која историска вистина, рече Стефоска.
Книгата „Вeрни до смрт: Довербата и теророт во револуционерна Македонија“ на македонски ја преведе Гордана Стошиќ, испечатена е во тираж од 500 примероци.
А.Б.