Венизелос ги бодри своите гласачи

Од:

Трета партија на изборите на 25 јануари ќе биде ПАСОК, изјави партискиот лидер Евангелос Венизелос во Пиреја.

– На 25 јануари одговорот ќе биде во ПАСОК, ПАСОК е трета сила која ќе ја гарантира прогресивната стабилност на нацијата, рече Венизелос.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, изјавите на лидерот на ПАСОК се толкуваат како охрабрување на лојалните гласачи на неговата партија, со оглед на тоа што никој не очекува социјалистите да добијат нови гласови.

И најновата анкета на „Алко“ за весникот „Понтики“ покажа дека по Сириза и Нова демократија, трета политичка сила е „Реката“ („Потами“), за која се смета дека најверојатно ќе биде сојузник на Ципрас во новата коалициска Влада.

На четврто место е Златна зора, а по неа следува Комунистичката партија на Грција.

Би можело да ве интересира

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија

Речиси четворица од десет Грци сметаат дека Договорот од Преспа е неповолен