Поради кризата Грците го намалија и конзумирањето вино

Од:

Грците ја ограничија и конзумацијата на вино поради кризата во земјата, тврдат авторите на истражувањето, објавено во весникот „Вима“.

Кризата не само што влијае на платите, туку многумина го заменија виното во шишиња со она на точење поради пониската цена. Локалниот пазар на вино значително се намали, бидејќи за последните пет години не само производството, туку и конзумирањето на овој пијалок забележа намалување во споредба со претходните пет години.

Виното е поврзано со традицијата и културата на Грците, што придонесува во голем степен да е меѓу најбараниот пијалок во земјата. Производството на вино е уништено, а увозниците се ограничени и задоволуваат многу мал дел од локалниот пазар, сметаат истражувачите.

Би можело да ве интересира

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија

Речиси четворица од десет Грци сметаат дека Договорот од Преспа е неповолен