Утрово температури под нулата, до недела стабилно и суво

Од:

Во седум часот утрово во речиси сите градови низ Македонија се измерени температури под нулата, -10 во Битола, -9 во Берово, -8 во Тетово, Скопје Петровец, -7 во Прилеп, -6 во Демир Капија, Штип, Струмица, -5 во Скопје Зајчев рид., Кавадарци, Куманово, -4 во Виница, Крива Паланка, Гевгелија, -3, во Лазарополе, -2 во Маврово, Охрид и -1 во Претор. Во Крушево температурата беше нула степени, а во Дојран пет.

Како што соопшти УХМР, преку ноќта беше ведро, а утринава е студено и ведро, понекаде со слаб ветер од северен правец.

Висината на снежната покривка во седум часот беше 33 сантиметри во Маврови Анови, 30 во Лазарополе, 10 во Крушево и Пожаране, девет во Тетово, седум во Ѓуриште, шест во Прилеп и Охрид, три во Виница, Тополчани и Битола, како и еден во Крива.Паланка.

Во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена локална висока облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, долж Повардарието и на повисоките места повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе се движи од 3 до 11 степени.

Во Скопје слично со максимална температура до пет степени.

Според УХМР, до сабота ќе биде стабилно и суво време. Од петок ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. В недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на планините со повремен снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски