Време: Сончево и ветровито

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер кој само долж Повардарието и на повисоките места ќе биде со умерен до засилен интензитет.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од три до 11 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време без некои значителни промени. Од петок по котлините и по речните долини ќе има услови за појава на магла. Од недела се очекува зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на планините со повремени врнежи од снег.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска