(ВИДЕО) Студенти и професори: Почина Високото македонско реформирано образование

Од:

Студентите, професорите и граѓаните само еден час откако пратениците ги изгласаа спорните измени за високото образование, соопштија дека почина „Високото македонско реформирано образование“.

Собрани пред собранието палеа свеќи. На некрологот пишува:

„Со длабока тага ја известуваме сета македоснка јавност дека по долго и тешко боледување на ден 14.01.2015 почина Високото македонско реформирано образование (1949-2015). Последното испраќање на нашето мило и никогаш непрежалено ќе се одржи на ден 14.01 во 19:00 часот пред собранието на Македонија. Предвидено е погребот да го изврши претседателот на собранието Трајко Вељаноски, додека проштален говор пред телото на починатиот да одржи претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Ги повикуваме сите сегашни поранешни, идни студенти и професори и сета македоснак јавност во споменатиот час да дојдат пред собранието, со минута молчење да се простат од упокоениот и да запалат свеќа на неговиот гроб. Ожалостени студенти на Македонија, професори на Македонија“.

По изгласувањето на законот останува претседателот Иванов, инаку професор, да го потпише или да стави вето на законот.

При посетата на професорскиот пленум тој изјави дека во овој случај ќе постапи како државник.

10917641_10204615884649832_590371117_n

10917588_10204615884729834_1758262424_n

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ