Над сто училишта беа затворени во северниот дел на Велика Британија, главно во Шкотска, поради големиот студ и снежните врнежи.
Британската метеоролошка служба објави жолт степен на тревога за големи делови од земјата и предупреди дека постои опасност од прекин на снабдувањето со електрична енергија и нарушување на транспортот.
На крајот на денот во Англија и Велс се очекуваат бурни ветрови, чија брзина може да достигне до 120 км на час по крајбрежјето.
Во голем дела на Шкотска врне снег, има голомразица. Запрено е движењето на повеќе железнички линии.
Минатата седмица околу 120.000 домаќинства во регионот останаа без електрична енергија поради лошото време.