А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Неисчистени оџаци предизвикаа 20 пожари во Битола

by А1он14/01/2015 - 17:41105
Share0

Битолчани масовно се свртија на греење на дрва, ама оџаците не ги исчистија пред сезоната. Битолските пожарникари од Нова година досега имале дури 20 интервенции на запалени оџаци во градот, и во куќи и во колективни згради.

Добивај вести на вибер

Оваа бројка, според командирот на протовпожарната служба во Битола, Коста Поповски, е превисока за толку кус период и невообичаена во споредба со годините наназад.

Вистинска драма имаа станарите на една од зградите на улицата Едвард Кардељ во Битола на Бадник, кога се запали оџакот од зградата, кој, според нивните кажувања, не бил исчистен три децении.

– За последните 13 дена, имавме 23 интервенции, од кои дури 20 на запалени оџаци, во еден случај од оџакот имавме опожарување и на целата покривна конструкција. Ова се должи на неисчистените оџаци. Граѓаните не ги чистат оџаците со години, тоа е голем ризик – вели Поповски.

Препораката на битолските пожарникари е граѓаните кои пред сезона не ги исчистиле оџаците, тоа да го направат сега, особено оние кои веќе имаат напукнати оџаци.

– Има служби, има и оџачари кои и сега можат да им ги исчистат оџаците на граѓаните, особено брзо да се интервенира кај оние оџаци каде е видливо излегување на чад од пукнатините – вели Поповски.

Мета

bitola

Би можело да ве интересира

Битолчани доцнат со еколошкиот план – отпадните води ги поплавија роковите

Предраг Петровиќ22/09/2025 - 12:30

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче

Горан Наумовски21/09/2025 - 14:22

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Горан Наумовски20/09/2025 - 18:55

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски05/09/2025 - 13:1405/09/2025 - 13:15

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола

Горан Наумовски28/08/2025 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен