Македонскиот јазик од денеска може целосно да биде присутен на интернет преку регистрирање кирилични веб-страници со националниот домеин „мкд“, вклучувајќи ги и карактеристичните букви од азбуката – љ, њ, ѓ, ж, ч, ш и џ.
Како што соопштија министрите за информатичко општество и администрација и за култура, Иво Ивановски и Елизабета Канческа Милевска, домеинот „мкд“ е регистриран во меѓународниот интернет простор. Со тоа Македонија стана петта земја во светот која воспоставува национален кириличен домен на кирилица, по Русија, Србија, Казахстан и по Монголија.
Првата интернет-страница на кирилица, „влада.мкд“, е веќе воспоставена.