Министрите за информатичко општество и администрација и за култура Иво Ивановски и Елизабета Канческа Милевска денеска ќе го промовираат воспоставувањето национален кириличен домен (.мкд) во меѓународниот интернет простор.
Со овој домен ќе можат да се регистрираат интернет страници на кирилично писмо опфакајќи ги и карактеристичните букви од македонската азбука како љ, њ, ѓ, ж, ч, ш, како и џ.
Македонија е петта земја во светот која воспоставува национален кириличен домен на кирилица, по Русија, Србија, Казахстан и Монголија.