Керхов: Можни се нови напади во Европа

Од:

Постои опасност од нови напади во Европа и од радикализација во затворите, предупреди координаторот на Европската унија за борба против тероризмот Жил де Керхов.

Тој истакна дека затворите се инкубациска средина за радикализација и затоа не треба да се испраќаат сите лица во затвор кои се вратиле од Сирија. Тие можат да ги радикализираат и уште повеќе да ги поттикнат другите.

Керхов наведе дека во затвор се радикализирал Амеди Кулибали, кој учествуваше во минатонеделните напади во Париз, потоа Мохамед Мера, извршителот на убиствата во Тулуз во 2012 година и Медхи Немуш осуден за убиство на четворица Евреи во Еврејскиот музеј во Брисел.

– Заканата од нови напади останува сериозна. Исламска држава сака да дејстува и тоа ќе го направи. Ал Каеда е многу ослабена, но сака да остане во игра. Посои и Фронт ал Нусра, сирискиот огранот на Ал Каеда, кој регрутира Европејци со валидни пасоши, кои лесно можат да влезат кај нас или да киднапираат авион. Нема магично решение… Можеме превентивно да дејствуваме. Но, не можеме сите да ги спречиме, посочи Керхов.

Тој потенцира дека терористите имаат оружје кои доаѓа од Балканот и од Либија.

– Кога имате лесен пристап до калашњикови и радикализирани лудаци исклучително тешко е да се спречи напад, но можеме да се обидеме да попречиме што е можно поголем број напади без да се претвориме во тоталитарно општество, посоли Керхов.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија