ОН апелира за воспоставување на закон и ред во Нигерија

Од:

Обединетите нации денеска ја повикаа Нигерија да воспостави закон и ред во североисточниот дел на земјата и да ги истражи масакрите на цивилите за кои се обвинети бунтовниците од Боко харам.

Нигериската армија денеска соопшти дека најмалку 150 луѓе биле убиени во борбите со исламистите во североисточниот град Бага, но службата на ОН за човекови права наведе дека има различни сведоштва за инцидентот, а според некои загинале дури 2.000 луѓе.

– И покрај неточните детали, јасно е дека таму имало масакри. Апелираме до Владата брзо да дејствува, за да се воспостави закон и ред, што во исто време ќе гарантира дека безбедносните операции ќе се спроведуваат во согласност со меѓународното право и целосно почитување на човековите права, истакна портпаролката на високиот комесаријат на ОН за човекови права Равина Шамдасани.

Нигериската армија се бори со сунитските екстремисти за повторно да воспостави контрола над Бага. Сунитските екстремисти сакаат да воспостават шеријат во северниот дел на Нигерија.

Од почетокот на годината околу 11.320 луѓе избегале од Нигерија во соседен Чад поради насилствата. Службите на ОН не может да го потврдат бројот на внатрешно раселените лица поради немање на независен пристапо во засегнатите региони.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство