Лучиќ во тимот на колото на АБА лигата

Од:

Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром Урош Лучиќ беше најзаслужен за победата на македонскиот шампион на гостувањето кај Шолнок, а со својот учинок на оваа средба, избори место во ТОП 5 на 17. коло од кошаркарската АБА лига.

Лучиќ за 36 минути игра постигна 20 поени, оствари осум скокови, имаше две украдени, една загубена топка и една асистенција, доволно за 26 индексни поени или втор најдобар ефект на колото.

МВП во оваа рунда е Милан Мачван од Партизан со 30 индексни поени.

Покрај овие двајца кошаркари во ТОП 5 уште се најдоа Никола Калиниќ (Црвена звезда) 25, Никола Малешевиќ 25 и Никола Милутинов 24 индексни поени.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска