Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо денеска изјави дека не е загрижен за нивото на неговата популарност и дека спроведувањето на неговата политика не е насочена да биде омилен меѓу народот, туку да ги исполни ветувањата за економски и демократски развој на неговата 250 милионска држава.
Коментарот во врска со неговата популарност Видодо го даде на еден собир на млади бизнисмени од неговата Демократска партија на борбата, на кој ја објаснуваше потребата државата драстично да ги намали субвенциите за горивата и да дозволи покачување на цената на бензините.
Според Видодо, за Индонезија ќе е подобро 102,8 милијарди долари, што годишно се даваат за субвенции за горива да се употребат за изградба на нови брани, аеродороми и железнички пруги.