Јувентус повторно победи во контроверзен натпревар. По цели 15 години „Старата дама“ славеше во Неапол но со очигледна помош на судиите што предизвика многу дилеми во Италија а особено лут беше првиот човек на Наполитанците, Де Лаурентис:
“Неприфатливо е шест судии да не можат да видат дека двајца играчи се наоѓаат во недозволена офсајд позиција. Или се работи за неспособност или за лоша намера“, напиша претседателот на Наполи на својот Твитер профил.