Зачестите криминални дела се причина албанската полиција да почне суперакција за откривање и приведување на лицата со криминално досие кои досега биле недостапни за полицијата, но и лица кои се движат со оружје на себе.
Врз основа на посебен оперативен план стотици припадници на полицијата ќе вршат контрола во населените места и главните патишта.
-Припадниците на единицата за брзи интервенции,РЕНЕА, во соработка со полициските работници во сите околии ќе вршат контрола по патиштата, улиците,ноќните клубови,дискотеки, пабови и други објкети.Полицијата го класифицираше овој план како суперакција. Најголемиот број од припадниците на полицијата ќе бидат стационирани во Тирана,- потврдил висок полициски функционер за онлајн изданието на весникот „Шекули“.
Според истиот извор спроведувањето на акцијата нема определен временски рок а нејзина цел е да се заштити заедницата од криминалците, кои посебна агресивност покажуваат од недоамна кога се регистррани серија убиства.