Атлетичарот од Јамајка, Усаин Болт, на митингот од Дијамантската лига во Рим на најдобар можен начин ги замолкна критичарите по слабата трка што ја имаше на претходниот настап во Острава.
Болт истрча фуриозно на патеката на 100 метри во Рим, остварувајќи време од 9.76 секунди, што е најдобар резултат оваа сезона.
Болт ги воодушеви гледачите на стадионот откако излезе да се загрева со дресот на италијанската фудбалска репрезентација, а потоа во голем стил ја истрча и трката во која се натпреваруваа дури шестмина атлетичари од Јамајка.
Првото место супериорно го освои Болт, второпласиран беше Асафа Пауел со резултат 9.91 секунди, а трет на целта стигна Французинот Кристоф Леметр (10.04 секунди).
Ова е секако една добра трка за Болт и им покажа на критичарите дека е подготвен да го брани олимпиското злато.