Екипата на Олимпик Лион е нов лидер во француската Лига 1 откако вечерва во натпревар од 20.коло го победи Тулуз со 3:0. Олимпик Лион ги искористи поразите на конкурентите во ова коло Олимпик Марсеј и ПСЖ. Првите два гола на дуелот со Тулуз ги постигна Александре Лаказет во 14.минута и 27.минута, а на 3:0 зголеми Набил Фекир во 48.минута.
На вториот натпревар одигран денеска Нант – Мец 0:0.
Во терминот од 21 часот вечерва играат Монако и Бордо.
Резултати на другите натпревари од оваа рунда: Евиан – Рен 1:1, Генгамп – Ленс 2:0, Лил – Каен 1:0, Ница – Лориен 3:1, Ремс – Сент Етиен 1:2, Бастија – ПСЖ 4:2 и Монпеље – Олимпик Марсеј 2:1.
Табела: Олимпик Лион 42 бода, Олимпик Марсеј 41, Сент Етиен 39, ПСЖ 38, Монако 32, Нант 31, Бордо 31,…