Неуспешна потрага по црните кутии на авионот на „Ер Азија“

Од:

Тридневната потрага по црните кутии на авионот на „Ер Азија“ кој се урна во Јаванското Море на летот од Сурабаја кон Сингапур, не дадоа никакви резултати.

По црните кутии во радиус од 500 метри од местото каде е откриена опашката на авионот, трагаат нуркачи на индонезиската Морнарица, но се поверојатни се претпоставките дека тие се наоѓаат на друго место, зашто можело да бидат катапултирани при експлозијата која го срушила авионот.

Потрагата по црните курии и по телата на жртвите вчера и денеска предизвика и мала политичка криза во Индонезија. По одлуката на врховниот командант на армијата, генералот Мулдоко лично да ја преземе водечката улога во операциите поврзани со авионот, протестираа раководствата на Морнарицата и националната комисија за спасување.

По ова, индионезискиот министер за транспорт Игнасиус Јонан побара операцијата да се концентрира на наоѓање и вадење на телата на жртвите.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници