Започна вакцинација против беснило кај кучињата во Кумановско

Од:

Надлежните од Ветеринарно сточарскиот центар „Тодор Велков“ информираат дека навреме е започната вакцинацијата против беснило кај кучиња  и мачки во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Од Центарот формирале екипи кои ги вакцинираат домашните миленици во селата, приградските населби и градот.

– Екипите од Центарот ја спроведуваат вакцинацијата по одделни реони. Сопствениците веќе се запознаени дека треба навреме да ги вакцинираат кучињата. Добар дел од сопствениците се мошне ревносни и самите доаѓаат во центарот и ги вакцинираат кучињата, вели ветеринарниот лекар Димитар Венев  од Центарот „Тодор Велков“.

Според проценките на стручните служби од Ветеринарниот центар со вакцинацијата треба да бидат опфатени помеѓу 1.500 и 2.000 кучиња.

Цената за вакцинација против беснило, што освен вакцина вклучува и таблети против паразити е иста на државно ниво и изнесува 500  денари. Вакцинацијата е редовна и се спроведува секоја година во периодот од  јануари до мај.

Би можело да ве интересира

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Експертски тим ќе утврдува од што почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми

А1он