На источниот дел на Јава годинава ќе бидат затворени и последните 15 јавни куќи

Од:

Провинцискиот гувернер на источна Јава, подрачје во кое живеат над 40 милиони жители на 250 милионската Индонезија, соопшти дека и покрај тоа што ја нема поддршката од централната власт, ќе ги затвори и последните 15 јавни куќи.

Минатата година во овој регион беа затворени 32 регистрирани бордели. Голема прашина се крена околу затворањето на најголемата јавна куќа „Беби дол’’ во Сурабаја, која беше и најголем ваков објект во југоисточна Азија. Сопствениците ја обвинија локалната власт дека со затворањето на нивниот “црвен дистрикт’’ сака да го обезвредни земјиштето на кое планира да изгради голем трговски комплекс.

Според гувернерот на провинцијата Источна Јава, пред затварањето на јавните куќи професионалните проститутки ќе мора да посетуваат курсеви за обука со некој занает, што ќе им овозможи да заработуваат средства за живот.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници