Италијанските екипи од Серија А денеска играат натпревари од 17.коло.
Рома успеа да слави на гостувањето кај Удинезе, додека Милан и покрај водството од 1:0 го загуби дуелот дома од Сасуоло со 2:1.
Резултати на дуелите од 17.коло:
Лацио – Сампдорија 3:0,
Удинезе – Рома 0:1,
Милан – Сасуоло 1:2,
Киево – Торино 0:0,
Емполи – Верона 0:0,
Џенова – Аталанта 2:2,
Палермо – Каљари 5:0,
Парма – Фиорентина 1:0.
Од 18 часот играат Челзена и Наполи, додека дербито меѓу Јувентус и Интер се игра од 21 часот.
Табела: Јувентус 39 бодови, Рома 39, Лацио 30, Наполи 27, Џенова 27, Сампдорија 27,…