Во Индонезија донесена, ретка, ослободителна пресуда по обвинение за клевета на Фејсбук

Од:

Медиумите во Индонезија денеска како една од ударните вести ја објавуваат пресудата на локалниот суд во градот Бантул, во провинцијата Џогџакарта, според која 29 годишната правничка Еми Хандајани не клеветела, ниту навредувала личност на својот Фејсбук профил.

Случајот крена голема прашина во декември, кога младата и за Индонезија несекојдневна личност напишала дека Џогџакарта е сиромашна, глупава и нецивилизирана средина која нејзините пријатели од Џакарта и Бандунг треба да ја избегнуваат – како лепешка.
Конзервативната средина во Џогџакарта, во која, на пример, се уште постои и „автономен султанат’’ ја притиснала полицијата да поднесе кривична пријава за злоупотреба на електронската комуникација, а според законот за ова Еми можела да одлежи пет месеци затвор и да плати висока глоба.

По дводневен притвор, Еми Хандајани била пуштена да се брани од слобода. Во јавноста во Индонезија се шпекулира дека интервенцијата за нејзино ослободување дошла од кабинетот на новиот претседател Јоко Видодо кој, покрај другото и изборите ги доби благодарејќи на неговиот имиџ за слободумен и прогресивен демократ.

Противниците на драконските закони кои предвидуваат строги казни за изразување на лично мислење на интернет и социјалните мрежи сметаат дека ова е прв голем чекор кој ќе придонесе да се либерализира правото на личен став. Одредбите на законите против „злоупотреба’’ на електронските медиуми најмногу ги користат верските организации. Поради карикатура на сметка на Исламската држава, објавена во август минатата година се поведе судски процес против главниот уредник на весникот Џакарта пост, но полицијата, по неколкумесечно инсистирање, се откажа од обвинението.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници