Во Ереван е уапсен поранешниот директор на ерменскиот државен пензиски фонд Вазген Хачикајан поради вмешаност во исплата на пензии на починати лица.
За време на последната контрола на пензискиот фонд утврдени се многу неправилности во работењето, како и исплата на пензии на околу 60.000 починати лица или луѓе кои не живееле во Ерменија.
Под истрага се повеќе од 20 луѓе.
Хачикајан беше директор на државниот пензиски фонд до 2010 година.