Собири во Германија против активностите на антиисламистите

Од:

Неколку илјади Германци излегоа денеска на протестни маршеви низ улиците на четири германски градови, изразувајќи го на тој начин своето незадоволство од собирите што секоја недела се одржуваат во Дрезден во организација на групата „Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот“ (ПЕГИДА).

Учесниците на денешните протести во Берлин, Штутгарт, Келн и Дрезден се изјаснија против расизмот и ксенофобијата и повикаа на толернација. Во солидарност со учесниците на собирите голем број продавници, цркви и фирми во Келн ги исклучија светилките, изразувајќи го на тој начин својот протест против активностите на ПЕГИДА.

Оваа организација веќе три месеци во Дрезеден еднаш неделно организира маршеви „против исламизацијата на Германија“, при што најголемиот собир се одржа пред католичкиот Божик, кога на улиците нан овој источногермански град излегоа околу 17.000 лица. Слична бројка дрезденската полиција очекува и на собирот најавен за вечерва.

Во обид да добие поголема поддршка, ПЕГИДА се дистанцира од екстремната десница, објаснувајќи дека е против „поттикнувачите на омраза, независно од тоа на која религија и припаѓаат“ и дека е против „радикализмот без разлика дали е верски или политички мотивиран“.

ПЕГИДА тврди дека не е против „муслиманите што се интегрирале во општеството“, туку е против „антиженската политичка идеологија која прибегнува кон насилство“.

Групата забрани истакнување на нацистички симболи на своите собири, иако нејзините противници тврдат дека таа е финансирана од неонацистички организиации.

Германската канцеларка Ангела Меркел во своето новогодишно обраќање до нацијата, отворено ги повика Германците да не учествуваат на митнинзите на ПЕГИДА во Дрезден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Горан Наумовски

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија

Мртво девојче е пронајдено покрај брегот на Рајна, уапсени се нејзините родители

Германија протера авганистанско семејство, Варшава го осуди овој потег како кршење на законот

Горан Наумовски