А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Професорскиот пленум нема да учествува на таканаречената „средба за размена на мислења и аргументи“

by А1он05/01/2015 - 10:16198
Share0

Претставниците на Професорскиот пленум нема да учествуваат на таканаречената „средба за размена на мислења и аргументи“ за измените на Законот за високо образование, која е организирана од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, денеска во 13.30 часот во хотелот Александар Палас.

Добивај вести на вибер

Професорскиот пленум, составен од речиси петстотина професори од различни универзитети НЕ САКА да му даде легитимитет на овој настан чија единствена цел е да искреира привид на транспарентност и партиципативност во донесувањето октроирани закони.

Сметаме дека со оваа постапка се прави обид вонинсититуционално да се „коригира“ и супституира Собранието на РМ како законодавно тело што е спротивно на уставното начело за поделба на власта и владеење на правото, посебно во овој момент откако измените на Законот ја поминаа првата фаза во Собранието и тие се речиси едногласно изгласани.

Професорскиот пленум и натаму цврсто стои зад БАРАЊЕТО ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ, ЗА КОИШТО СМЕТА ДЕКА СЕ УШТЕ ЕДЕН ПОЛИТИЧКИ АТАК ВРЗ ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ И АВТОНОМИЈАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ.

Членовите на Професорскиот пленум преку изјава за медиумите ќе ја образложат својата одлука во 13:00 часот, пред хотелот Александар Палас.
Ги покануваме медиумите да го проследат настанот.

Претходно се огласија и од Студентскот пленум:

Како што сте запознаени во 13:30 ќе во хотелот Александар Палас ќе се одвива таканаречената “дебата” во врска со државниот испит. Претставници на Студентскиот Пленум не се поканети. Неколку наши претставници утре ќе бидат пред истата локација, уште еднаш гласно и јасно да го потенцираме нашиот став што досега го изразивме во масовните протести.
Се гледаме таму!

Поздрав од Пленумци!

plenum

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ07/11/2016 - 11:13

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ17/08/2016 - 10:56

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ04/07/2016 - 20:15

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ01/07/2016 - 21:2801/07/2016 - 23:12

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ01/07/2016 - 20:4001/07/2016 - 23:03

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ30/06/2016 - 22:4930/06/2016 - 22:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен