17 лекари на доедукација во странство

Од:

Продолжува програмата за едукација на лекари во болници надвор од Македонија. Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска презентираше нова група на лекари, вкупно 17 на број, кои што ќе појдат во странство на доусовршување на методи кои не се изведуваат во Македонија.

Поголемиот број од лекарите едукативниот престој ќе го извршуваат во Бугарија. Ќе се обучуваат двајца ортопеди во областа на ендопротетиката, еден на торакална хирургија, еден педијатар за неопатологија.

Еден од лекарите ќе оди на доедукација во Виена, во областа на патологијата. Дел од групата доктори, ќе одат на доедукација во турската болница Аџибадем, во областа на гинекологијата, педијатријата, рендгенологија и пластична хирургија.

Двајца од лекарите се праќаат во соседна Србија. Еден на Клиниката за неонатологија во Белград, а другиот на Институтот за кардиоваскуларни болести на Дедиње.

Времетраењето на едукативниот процес ќе биде од еден до шест месеци. Лекарите се од Клиничките болници во Скопје, Битола и Штип.

Како што посочи министерот Тодоров, ова е најголемата група досега испратена на доедукација во странство, со што вкупната бројка се заокружува на 26 лекари.

Претходните групи престојуваа во Турција (Аџибадем) и Мичиген (САД).

Министерството за здравство, овој процес на доедукација ќе го чини 37 илјади евра, само за овие 17 доктори. Министерот не пропушти да потенцира дека во најголем дел едукацијата е бесплатна што значително ги намалува трошоците на министерството.

Христена Антовска Јованчева

 

 

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството