Во Литванија денеска е приведен воен офицер осомничен за шпионажа, можно во корист на Русија, јави Танјуг.
Офицер на воздухопловството, чие име не е наведено, осомничен е за давање „информации на странска држава, вклучувајќи тајни податоци“, соопшти Обвинителството.
Лицето кое примало информации, исто така е приведено, се вели во соопштението, но не се наведува чиј државјанин е како ниту за која земја се работи.
Офицерот е приведен во Сиаулиа во северна Литванија. Во Сиаулиа се наоѓа воздухопловна база на НАТО.