(ВИДЕО) СДСМ: Колабира електро системот, барокот зема данок!

Од:

Опозициската СДСМ  обвинува дека проблемите во електро енергетскиот систем во државава по невремето со снег и ветер се резултат на погрешните политики на надлежните институции.

Атанаско Тунески, претседател на Комисијата за енергетика во СДСМ, денеска на прес-конференција се осврна на падовите на електро системите во државата и обвини дека досега не е направено ништо за подобрување на напонската мрежа. Наспроти тоа, според Тунески од 2006 година до денес цената за пренос на електрична енергија на државната компанија МЕПСО е зголемена за 270 проценти“.

– Според Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за 2011 – 2015 година, требаше да се започне со изградбата на 400 kV далекувод на трансформаторските станици Битола 2 – Елбасан, Албанија. Должината на овој далекувод беше планирано да изнесува околу 90 km. Во рамките на овој проект требаше да биде изградена нова 400/110 kV трафостаница во Охрид. Градбата на овој далекувод вреден според планираното околу 35 милиони евра требаше да започне во 2014 година и да трае 30 месеци,  рече Тунески, дополнувајќи дека со тоа ќе се зајакнел електро – енергетскиот систем и немало да има проблеми како сегашните во охридскиот регион.

doc1 doc2

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија