(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Економска рецесија и социјална голгота за Прилеп во 2015

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Марјан Ристески, изгласаа неразвоен буџет на Општина Прилеп за 2015 година. Економската рецесија и социјалната голгота за прилепчани ќе продолжи затоа што ВМРО-ДПМНЕ ниту има капацитет, ниту има желба нешто да промени.

Потврда за неспособноста на градоначалникот Ристески и ВМРО-ДПМНЕ да го подобрат економско-социјалниот живот на прилепчани, се проектираните приходи во буџетот, тежок 16.3 милиони евра“, рече на денешната прес-конференција Сашо Велески – Претседател на ОО на СДСМ Прилеп.

„Приходите во буџетот од процент на персонален данок се исти како лани, што значи нема нови вработувања!

– Приходите од данок на промет на недвижности се намалени. Доказ дека никој не сака да купува и да инвестира во Прилеп.

– Приходите од комуналии се исто така намалени. Значи никој не гради во Прилеп, а власта воведува нови поскапувања на комуналиите на стамбеното домување.

– Намалени се и приходите од прадажба на земјиште. Се што беше атрактивно земјиште, парцела, локација, власта веќе го распродаде.

– Драстично се намалени и приходите од процент на ДДВ. Ова е доказ дека нема никакво позитивно поместување на животниот стандард во Прилеп, дека е намалена потрошувачката, дека чаршијата осиромашува заедно со граѓаните.

Сето ова укажува дека Прилеп и понатаму ќе биде најсиромашен град во Македонија, со најголем број на невработени лица.

Од друга страна, предвидените трошоци или расходи во буџетот го изнесоа на виделина недомаќинското работење на Ристески, и расфрлањето со народните пари.

Во услови на рекордна сиромаштија ВМРО-ДПМНЕ и Ристовски планираат да потрошат:

– 9 милиони денари за споменици и 7 милиони денари за возила;

Во буџетот за 2015 година власта не предвиде средства за нова детска градинка, неопходна за граѓаните на Прилеп. Училиштето во „Сточен Пазар“ власта го намали за три пати од планираното, со само 3 училници.

Дополнително, се кратат средства за улици, за водоводни мрежи, за помош на социјалните случаи, а за спорт и спортски објекти нема ништо.

Оваа година беше тешка. Власта не сака да им помогне на тутунарите, на работниците во Еурокомпозит, ги уценува вработените во ТУТ-КОМ, не сака да им помогне на земјоделците, на социјалните случаи, на граѓаните. Индустриските зони во Алинци, Прилеп 1 и 2 се празни, нема инвестиции, ниту странски, ниту домашни.

Но, оваа година ќе ја запаметиме и по крајот на годината кој донесе светлина во целиот овој мрак. Разбудената општествена свет е вистинскиот патоказ за граѓаните на Република Македонија. Ве повикувам да продолжиме по тој пат и да се избориме за подобро утре“, вели Сашо Велески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он