Лекари во болница во градот Индор во Индија по четири часовна операција успеале на седумгодишниот Вивек од горната вилица да му извадат дури 80 заби, пренесе „The Times of India”.
– Пациентот не посети пред пет дена со апцесија во горната вилица. По прегледот беше утврдено дека има одонтом. Ја испланиравме операцијата и по чистење на апсцесот кој ретко се јавува на оваа возраст му извадивме 80 заби- вели лекарот Бахрат Махешвари.
Одонтома е редок вид на бенигнен тумор, кој ја напаѓа вилицата и се појавува во вид на структура која личи на заби.
Минатото лето исто така на едно момче во Индија му се извадени рекордни 232 заби.
Е. Г.