СДСМ: Штом ВМРО-ДПМНЕ го брани Јанакиески, скандалот со багателната продажба е многу сериозен

Од:

„Штом ВМРО-ДПМНЕ се најде повикана да го брани Миле Јанакиески за продажба на државно земјиште во центарот на Скопје по само 100 евра за метар квадратен, скандалот со багателната продажба е многу сериозен.

Но, факт е дека во својата писмена реакција ВМРО-ДПМНЕ не демантираше ништо од она што беше посочено на прес конференцијата на СДСМ.

Впрочем, документите говорат се. Вистината е дека Миле Јанакиески продал земјиште во центарот на Скопје за 120 илјади евра. А реалната пазарна вредност на земјиштето може да се процени на 1 милион евра.

Ако е точно она што го тврди ВМРО-ДПМНЕ, дека била продадена само една парцела, тогаш скандалот оправдано отвора нови сомнежи.

Затоа што во Договорот за отуѓување на државното земјиште, потпишан лично од Миле Јанакиески, во член 2, јасно стои дека се отуѓени КП 13539/2, со површина од 1.151 метар квадратен, и КП 13818/2, Катастарска општина Центар 1, со површина од 94 метри квадартни.

Што друго кријат сомнителните продажби на државно земјиште по багателна цена во центарот на Скопје“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за пресот на Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Горан Наумовски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

СДСМ: Гордана Јанкуловска, која денес се претставува како жртва, беше дел од системот што години наназад ги кршеше човековите права