Вулканот Попокатепетел, што се наоѓа на 72 километри југоисточно од Мексико Сити, во последната вчерашна ерупција, во воздухот исфрлил смеса од пареа, гас и пепел во височина од 3,5 километри, соопштија мексиканските власти, цитирани од американските медиуми.
Мексиканскиот национален центар за спречување на природни несреќи посочи дека ерупцијата се случила вчера попладне, а исфрленото количество пепел било умерено.
Попокатепетел е активен вулкан и е втората највисока точка во Мексико. Се наоѓа во близина на државите Морелос, Пуебла и Мексико.