Полицијата упадна и ги затвори канцелариите на радио „Слободна Европа“ во Баку

Од:

Канцелариите на радио „Слободна Европа“ во Баку, меѓународната програма финансирана од американската Влада, денеска се претресени и затворени од азербејџанската полиција и обвинители, кои соопштиле дека имаат судска наредба за запирање на работата на радио станицата.

Веста ја јавија американските медиуми, повикувајќи се на директорот на азербејџанската канцеларија на радиото.

Светските агенции веќе пренесуваат дека не може да се стапи во контакт со двајца новинари на овој медиум.

Од канцеларијата на главниот обвинител изјавиле дека претресот бил извршен во рамки на истрагата за „тежок криминал“, но не се даваат детали за тоа.

Претходно овој месец беше приведена Хадија Исмаилова, една од водечките репортерки на ова радио нејзе ќе и се суди за обвинение дека со нејзиното пишување предизвикала еден човек да изврши самоубиство.

Според критичарите на власта, ова е обид за замолчување на влијателната новинарка, забележуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска

Објавена снимка од надзорната камера: Со „калашников“ пукаше кон амбасадата на Азербејџан во Иран, убиен чувар

А1он

ОН повикаа да се спречи обновувањето на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан

А1он

Романија, Азербејџан, Грузија и Унгарија потпишаа договор за подводен кабел за пренос на зелена енергија преку Црното Море

Ана Ололовска