Две самоубиства на постари лица во Тетово

Од:

Две самоубиства на постари лица се случиле вчера во Тетово на две различни места.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека првото самоубиство се случило предминатата ноќ околу 4 часот откако 72-годишниот В.К. скокнал од балкон на втор кат од станбена зграда на улицата „19 Ноември“. Неговото безживотно тело било пронајдено на асфалтната патека по што увид извршиле јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. На телото не биле пронајдени траги на насилство и по наредба на јавен обвинител тоа е предадено на семејството.

Вториот настан бил регистриран вчеравечер околу 19 часот и 50 минути откако најблиските го пријавиле случајот на самоубиството на 68-годишниот Џ.И. на улицата „167“ без број. Тој бил пронајден обесен во потпокривот на неговата куќа. Извршен е увид од страна на јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. На телото од починатиот не биле пронајдени траги на насилство. Сепак полицијата пронашла други траги и предмети што биле земени за вештачење.

Според податоците на полицијата, годинава во тетовското подрачје се регистрирани вкупно 14 самоубиства и осум обиди за самоубиство, а на гостиварското подрачје имало две самоубиства и 34 обиди за самоубиства.

Би можело да ве интересира

Уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово, осомничени се за силување на две малолетнички

Мечка нападна жена во атарот на тетовското село Синичане

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил

Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово, тешко повредена е 29-годишна жена

Горан Наумовски

Пожар во касарната во Тетово, повредени се двајца војници

Горан Наумовски