Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром синоќа во рамките на 14.коло од АБА лигата ја постигнаа петтата победа откако го совладаа тимот на Мега Лекс со 84:79.
– Конечно тимот се формира и го имаме костурот на екипата, која ќе остане до крајот на првенството. Она што се обидувам да го направам е контрола на изгубените топки и мислам дека одиме се подобро и подобро. На овој дуел имавме седум изгубени топки, а ако го контролираме и ритамот на натпреварот ќе биде многу полесно и во нападот и во одбраната, изјави тренерот на „металците“ Боби Митев по дуелот.
Оваа победа, нагласи е за нашите навивачи, а јас лично им ја посветувам на играчите.
Ритамот во АБА лигата не дозволува време за одмор, па така македонскиот првак веќе утре го очекува нов натпревар и тоа гостување на „жешкиот“ терен во Задар.
Ова ќе биде трет натпревар во шест дена за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром.