Виетнамските власти соопштија дека ќе донесат прописи според кој на некои градски автобуски линии, во време кога вообичаено има турканици, ќе организираат превоз исклучиво за припадничките на понежниот пол.
Прописот е донесен поради се поприсутната појава на кражби и сексуално насилство во кои жртви се жените.
„Женските автобуси“ прво ќе бидат привилегија на жителките на Ханој, а потоа ќе се воведуваат и во другите поголеми градови.
Во истражување направено во Ханој и Хо Ши Мин Сити од 2.046 испитани, дури 57 посто од жените на возраст од над 16 години изјавиле дека имаат негативни искуства и биле сексуално малтретирани на постојките и во автобусите во кои имало турканици.
Мажите во турканиците при чекањето, најчесто, не се воздржувале да ги допираат жените и им упатувале непристојни зборови.
На сексуално насилство се пожалиле и 31 отсто помлади девојки, кои кон училиште патувале со автобус.