Фондацијата „Златна рипка“ денеска во Универзитетската Клиника за детски болести, им исполнуваше желби на децата на одделот Онкологија.
Фондацијата за исполнување на желби на тешко болни деца “Златна Рипка”- Скопје, која го најави своето основање, е самостојна, доброволна, невладина и непрофитна организација. Целите и задачите на фондацијата се насочени кон збогатување на детското искуство со надеж, сила и радост.
Фондацијата “Златна Рипка” преку донирани финансиски средства од компании, граѓани и институции, ќе им ги оствари најголемите желби на децата кои боледуваат од тешки болести на возраст од 3 до 16 години. Фондацијата Златна Рипка, верува дека моќта на исполнетата желба е посилна од сè.