ФОТО: Дамјановски додели пакетчиња на деца без родители и лица со посебни потреби

Од:

Околу 90 деца без родители и лица со посебни потреби од двата дневни центри во Куманово, денеска добија пакетчиња од градоначалникот, Зоран Дамјановски. Тој прво организираше новогодишен прием во општината за деца без родители, нивните старатели и згрижувачките смејства, при што им ги додели пакетчињата.

cicPaketcinja1

-Ова е група на деца која што има потреба од поддршка. Локалната самоуправа секоја година доделува околу 88 пакетчиња на деца без родители и деца од двата центри со пречки во развојот. Оваа година за жал сме во тешка финанскиска состојба со буџетот, но ние од оваа традиција не се откажуваме-наведе Дамјановски.

cicPaketcinja2

Градоначалникот потоа ги посети децата со пречки во развојот, од Дневниот центар кој згрижува деца под 18 години, како и лицата со пречки во развојот над 18 години, од Дневниот центар „Порака наша“.

cicPaketcinja3

Дефектологот од Дневниот центар кој згрижува лица со пречки во развојот под 18 години, истакна дека за нив ова е важен момент.

cicPaketcinja4

-Презадоволни сме од соработка со општина и оваа година дојдоа им подарија на децата пакетчиња-наведе Сандра Крстевска Саревска.

cicPaketcinja5

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи