(ВИДЕО) Ставрески: Законот за хонорарци е правичен и ќе важи и за функционери

Од:

Министерот за финансии Зоран Ставрески уште еднаш го потврди ставот на владата дека законот за плаќање придонеси за хонорарите ќе стапи на сила од 1-ви јануари.

Вицепремиерот и официјално потврди дека законот за плаќање придонеси на хонорари ќе ги опфати и функционерите кои првично беа изземени од законот.

Според Ставрески не било правично рудари и шивачки во конфекција со по 12.000 плата да плаќаат здравствено и пензиско а некој со ист хонорар да не плаќа.
Ставревски ги спомна земјите каде оваа одредба е на сила и потенцираше дека со оваа мерка и хонорарците ќе имаат статус на осигуреници.

„Мерката за плаќање придонеси за хонорарците ќе стартува од идната недела бидејќи е добра и правична мерка. Тоа е добра мерка зошто ќе обезбеди социјална заштита за луѓето кои примаат хонорари да влезат во системот на здравствена заштита но и да овозможат пензиски стаж. Дека е добра мерка потврдува и фактот дека речиси во сите европски земји почнувајќи од Германија, Чешка, Белгија, Данска ја имаат истата мерка на идентичен начин. Мерката е и правична и ќе овозможи правично на хонорарот да придонесат во системот за здравствено осигурување и нема нидена причина шивачките кои примаат и рударите кои примаат по 12.000 денари плата да плаќаат здравствено а некој кој преку хонорари оставрува да не плаќа“, рече Ставрески.

Против мерката на владата се неколку синдикати но и граѓани кои се засегнати од одлуката да им се оданочат хонорарите и излегоа на протест.

Хонорарците кои се засегнати од законот најавија и нови протести зошто мислат дека мерката на владата е само да се наполни испразнетиот пензиски фонд и директно им се зема од заработката.

Синдикатите предупредија дека со оваа мерка им се дава одврзани раце на газдите да им го трансформираат работниот однос на работниците од редовен во хонорарен ангажман.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on

(ВИДЕО) Актери: Доста со овој грабеж, укинете го законот за хонорари!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нека го повлечат законот за хонорарци пред да си заминат од власт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Протест на хонорарците: УА Лопови

Ана Ололовска

(ВИДЕО) АЈДЕ!: Утре сите на протестен марш – НЕ за неуставните закони за хонорарците!

Ана Ололовска