Курдските борци ослободија 3.000 километри квадратни ирачка територија од ИД

Од:

Курдските борци ослободија 3.000 километри квадратни ирачка територија од џихадистичката група Исламска држава (ИД), изјави претседателот на ирачки Курдистан, Масуд Барзани.

– Во последните денови силите на Пешмерга ослободија од ИД 3.000 километри квадратни, изјави Барзани на заедничката прес-конференција во Ербил со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Берзани ја потенцира и улогата на Турција, која според него „од самиот почеток помага и им дозволи пристап на курдските борци до Кобане“.

Могерини изрази задоволство од постигнатите воени успеси.

– Напредокот им дава надеж на граѓаните и оваа победа ќе обезбеди оптимални психолошки услови за настраданите, додаде шефицата на европската дипломатија.

Могерини нагласи дека ИД претставува закана за безбедноста не само за Ирак, туку и за целиот свет, потврдувајќи ја поддршката на ЕУ за ирачки Курдистан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Турција: Уништени 20 објекти на Курдистанската работничка партија

Четворица загинати во самоубиствен напад на ИД врз центарот на безбедносните сили во Рака

А1он

Покрената истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз

А1он

(ВИДЕО) Париз како воена зона: Курдите излегоа на улица

Катерина Ѓуровски

Француските Курди протестираат во Париз по нападот врз тројца сонародници