Нов инкубатор и пакетчиња за децата на Онкологија на Детската клиника

Од:

Набавка на нов инкубатор и сервисирање на три постоечки инкубатори на Oдделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести во Скопје, е резултатот од спроведената втора фаза на донација од кампањата „Шанса за живот“ во која активно се вклучија 12 илјади граѓани, компании и организации.

Кампањата спроведена со цел да се подигне свесноста и да се овозможи и другите да донираат за опремување и подобрување на условите на одделението за Интензивна нега каде за својот живот се борат предвремено родените бебиња, ја иницираше ОКТА.

Главниот извршен директор на компанијата, Виктор Папаконстантиноу изјави дека со оглед на одличниот одѕив кај граѓаните, компаниите и организациите и реалната потреба од дополнителни донации за Одделот, ја продолжуваат кампањата со надеж дека ќе направат уште повеќе идната година.

Директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова изрази благодарност до компанијата и посочи дека со репарирање на нивната комплетна апаратура со помош на кампањата се овозможило сите деца адекватно да бидат згрижени и веќе да се наоѓаат на матичните оддели. Таа ги повика и другите компании да дадат донации.

Покрај новиот инкубатор и поправката на постоечките три инкубатори, компанијата веќе донираше средства за аспиратори и перфузори.

На децата кои се лекуваат на Одделот за онкологија на Клиниката за детски болести, ученици на средното скопско училиште „Арсени Јовков“ денеска им подарија новогодишна пакетчиња. Пакетчињата се обезбедени со средства од хуманитарна продажна изложба на кукли во народна носија, кои учениците ги изработија за четири месеци, а се одржа овој месец во Драмскиот театар-Скопје.

Би можело да ве интересира

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

ДУИ: Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови

Горан Наумовски

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ