Рускиот претседател Владимир Путин во петок ќе отпатува во посета на Германија и на Франција.
Во рамки на посетата на Германија, Путин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, со која се очекува да разговара за состојбата во Сирија.
По Германија, Путин ќе отпатува за Франција, каде што ќе има средба и со францускиот претседател Франсоа Оланд.