Близок соработник на поранешниот кинески претседател Ху Џинтао, Линг Џихуа е под истрага поради дисциплински прекршок, јави кинеската државна агенција Ксинхуа.
Линг Џихуа, кој своевремено беше шеф на Главната канцеларија на Комунистичката партија е под истрага, но не се соопштени други детали.
Линг учествуваше во 2012 година во сообраќајна несреќа со луксузен спортски автомобил и тогаш тој беше обвинет за прикривање скандал.